25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault и Dacia - хит во Британија

Renault и Dacia – хит во Британија

reno grupacijata

Групацијата „Renault“ во 2013-та година ја зголемила својата продажба на автомобили во Велика Британија за дури 55,3 проценти во однос на 2012-та година.

Со помош на романскиот бренд „Dacia“, кој е составен дел од групацијата „Renault“, францускиот производител успеа на британскиот пазар во 2013-та година да пласира рекордни 63.319 автомобили.

Ваквиот продажен резултат е последица на популарноста на две клучни возила „Renault Clio“ и кросоверот „Captur“. „Renault“ со „Captur“ успеа да го надмине својот директен ривал на британскиот пазар, моделот „Peugeot 2008“, со однос на продадени автомобили 2:1.

Групацијата успеа да го зголеми пазарниот удел во Британија од 1,99% во 2012-та, нa 2,8% во 2013-та година, од кои само 0,76 проценти ги сочунуваат возилата на марката „Dacia“.

Кога станува збор за романскиот производител, кој на британскиот пазар е присутен со четири модели, неговата продажба во 2013-та година изнесуваше 17.146 aвтомобили, Најдобро се продаваше „Duster“ (7.830 единици), потоа „Sandero“ (5.025 примероци) и „Sandero Stepway“ (3.770 возила).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП