28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИнтел Едисон - мини компјутер со големина на СД картичка

Интел Едисон – мини компјутер со големина на СД картичка

intel-edison

Интел на меѓународниот Саем на потрошувачка електорника ЦЕС во Лас Вегас го претстави минијатурниот компјутер „Едисон“.

Шефот на компанијата Брајан Крзанич го претстави двојадрениот Едисон компјутер со големина на СД картичка, што се користи за фотоапарати или камери.

Едисон доаѓа со Линукс оперативен систем и има поддршка за Блутут и Ви-Фи технологија.

Интел, исто така, најавува дека Едисон ќе добие и продавница за апликации.

Интел како поттик на инженерите за развој, за расмислување за дополнителна примена на Едисон планира да одвои уште 1,3 милиони долари. Награди ќе добијат најдобрите идеи, така што првопласираниот на конкурсот ќе добие 500.000 долари, а Едисон на пазарот ќе се појави кон средината на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП