20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСоздадоа 3D принтер кој гради куќа за 24 часа (видео)

Создадоа 3D принтер кој гради куќа за 24 часа (видео)

kuka 3d

На Универзитетот на Јужна Каролина, професор Берокс Хошневис создаде 3D-печатач кој може да се изгради куќа за 24 часа.

Роботот на Хошневис располага со прскалка, која излева бетон и може да направи дом базирани на комплет компјутерски модели, пишува „Business Insider“. Технологијата позната како „Contour Crafting“, може да направи револуција во градежната индустрија.

Градежниците само ќе треба да стават две шини, врз кои се движи роботот. Потоа, „Contour Crafting“ ќе се лизга по шините и ќе нанесува цемент. Кога овој процес ќе заврши, градежните работници можат да се зафатат со завршувањето на работи, како поставување на врати и прозорци.

„Contour Crafting“ може да ја намали вкупната вредност на куќите и да се направи полесно обновувањето на домовите по природни катастрофи.

Проектот на проф. Хошневис е се уште во истражувачка фаза, но креаторот е сигурен дека неговото воведување во практиката нема да доведе до намалување на работните места во градежништвото, туку напротив ќе создаде нови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП