18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОд BlackBerry најавија најмалку два нови смартфони

Од BlackBerry најавија најмалку два нови смартфони

bb novi telefoni

Во оваа година „BlackBerry“ ќе пушти на пазарот барем два нови смартфони. Еден од нив ќе биде со цена под 200 долари, вели новиот извршен директор на компанијата Џон Чен.

Тој ги откри плановите на компанијата за време на конференцијата „CES 2014“ во Лас Вегас. Според него, „BlackBerry“ склучила договор за партнерство со „Foxconn“, кој ќе ги прави паметните телефони. Вториот модел, пак, ќе е од висока класа, но ќе ја нуди традиционална „QWERTY“ тастатура, навестува директорот на компанијата.

„Не го напуштаме пазарот на крајните корисници“, коментира Чен.

Тоа е последователна промена во курсот на компанијата, која кон крајот на минатата година се откажа од пазарот на паметни телефони.

По промената на Торстен Хајнс со Џон Чен, сепак канадската компанија повторно ќе се обиде да ги задржи клучните бизниси. Меѓу нив е и корпоративниот сегмент, кој ќе е главен фокус на „BlackBerry“ за оваа година. Освен со новите смартфони, компанијата ќе се обиде да ги задржи клиентите и со услугите, како „BlackBerry Messenger“ и дополнителниот развој на платформата „QNX“.

По се изгледа дека Чен ќе остане извршен директор на „BlackBerry“. Тој зеде функцијата привремено, но сега вели дека ќе остане со компанијата додека таа не стане финансиски и стратешки стабилна, што се очекува да се случи во рок од 18 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП