6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРолс-Ројс трета година поред продолжува со одлични резултати

Ролс-Ројс трета година поред продолжува со одлични резултати

rolce molce

Британската марка Ролс-Ројс, која е дел од групацијата БМВ, трета година по ред забележа рекордна продажба, во пресрет на сто и десеттиот јубилеј од своето основање.

Во 2013-та година овој производител на клиентите им доставил 3630 возила (3575 во 2012-та година), што го претвора во лидер во сегментот на суперлуксузните автомобили со цена над 200.000 евра.

Најсериозен раст на побарувачката на моделите на Британците има на Блискиот Исток (+17 %) и Кина (+11 %). Најголемите пазари на Ролс-Ројс повторно се Кина и САД.

Овој бренд е присутен во повеќе од 40 земји, а минатата година дилерската мрежа била проширена со 15 нови претставништва. Бројот на салоните на Ролс-Ројс сега изнесува 120, а се очекува оваа година тој да биде зголемен за уште неколку нови.

Во 2013-та година компанијата отвори 100 нови работни места во фабриката во Гудвуд, а во оваа се очекува вработување на уште толку вработени, главно во производството. Во моментов за Ролс-Ројс во целиот свет работат околу 1.300 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП