18 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВо април се очекува Samsung Galaxy S5

Во април се очекува Samsung Galaxy S5

samusng aprile

Следниот предводник на „Samsung“, „Galaxy S5“, ќе биде претставен во април годинава. Тој ќе нуди и нови технологии, а како една од нив може да биде скенирањето на ирисот на окото, соопшти агенцијата „Bloomberg“.

„Традиционално го презентираме првиот модел од висока класа во почетокот на годината, околу март или април и сакаме да го направиме тоа и оваа година“, коментира потпретседателот на „Samsung Mobile“ Ли Јунг Хи. Тој не ги конкретизираше роковите и деталите за можностите на уредот.

За сметка на тоа вели дека со „S5“ компанијата ќе се врати на своите корени и ќе се обрне внимание на екранот и задниот панел на смартфонот, за да моделот да се разликува од неговите претходници. Запрашан дали навистина новиот модел ќе има технологија за скенирање на ирисот, Хи одговара дека многу луѓе се заинтересирани за неа, а и самата компанија ја разгледува ваквата можност.

„Кога ќе го претставиме нашиот „S5“, може да очекувате и наследник на паметниот часовник „Galaxy Gear“, кој ќе има повеќе функции, а и дизајнот ќе е подобрен“, коментира Хи.

Тој не сакаше да даде повеќе информации и за овој уред.

Според изворите на агенцијата, „Samsung“ подготвува промени и во смартфонот „Galaxy Note“, а следната генерација се очекува кон крајот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП