6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРекордна година за Бентли

Рекордна година за Бентли

bentli fabrik

Британскиот производител на луксузни автомобили Бентли, кој е дел од групацијата Фолсваген, забележа раст од 19% на продажбата во минатата година. Компанијата достави до крајните клиенти 10.120 автомобили, што е рекорд во 95-годишната историја на овој производител.

Во 2013-та Бентли забележа и зголемување за 11% на бројот на салоните, кои веќе изнесуваат 193. Најмногу продажба автомобилите на брендот има во Северна и Јужна Америка (31%), потоа следи Азија, главно во Кина, Блискиот Исток и Европа.

Успехот во минатата година се објаснува со промоцијата на новите модели како „Flying Spur“, најмоќниот и најбрзиот автомобил во историјата на Бентли , како и „Continental GT“ .

„Продолжуваме да освојуваме нови клиенти и во 2014-та, за која очекуваме исто така да биде успешна година за Бентли. Луѓето од целиот свет ја сакаат комбинацијата од луксузни и брзи автомобили, а нашите модели го нудат тоа“, вели главниот извршен директор на брендот, д- р Волфганг Шрајбер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП