3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMozilla ќе нуди оперативен систем за таблети, телевизори и компјутери

Mozilla ќе нуди оперативен систем за таблети, телевизори и компјутери

firefox os

Во 2014-та година, „Mozilla“ ќе стави уште поголем акцент на својот оперативен систем „Firefox OS“. Компанијата ќе ја развие и направи платформата прифатлива не само за паметните телефони, туку и за таблети, телевизори и дури и за десктоп и лаптоп компјутери.

Паралелно со софтверската платформа, „Mozilla“ планира да развива и хардвер. Компанијата дури склучила партнерство со „Foxconn“ за развој и производство на „Firefox OS“ таблети, кои ќе може да се нудат на креаторите на апликации. Идејата на „Mozilla“ е на овој начин да се зголеми интересот на програмерите кон „Firefox OS“.

Компанијата ќе соработува и со „Panasonic“ за да го нуди „Firefox OS“ во телевизорите на јапонскиот производител. Првите цели се создавање на оптимизиран интерфејс и ТВ водичи, базирани на „HTML5“. Користењето на „HTML5“ ќе му овозможи на „Panasonic“ да развива повеќе услуги за паметните телевизори, без да вложува многу напор.

Се разбира, „Mozilla“ ќе продолжи да ја развива платформата и за паметните телефони. Таа планира нова ажурирана верзија со производителот „ZTE“, а очекуваат интерес и од други компании.

„„Firefox OS“ е отворен екосистем и не се потпира на правилата на одредена компанија. Тоа значи дека „Firefox OS“ веќе е јавен проект“ , коментира Андреас Гал , потпретседател на мобилниот оддел на „Mozilla“.

Во 2014-та година компанијата ќе бара партнерство со сите заинтересирани да учествуваат во развојот на платформата. Таа вели дека веќе има интерес и за создавање на компактни компјутери кои ќе користат „Firefox OS“. Колку овие уреди ќе ја надминат фазата на прототип и ќе влезат во сериско производство, сепак, останува тајна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП