3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовитетите на Samsung во Лас Вегас

Новитетите на Samsung во Лас Вегас

samsung tv golem

„Samsung“ го одбра Саемот за електроника во Лас Вегас за деби на најголемиот, според корејскиот производител, 4К телевизор со флекс екран.

Уредот се нарекува „U9000“ и огромниот екран цели кон додавање на длабочината до сликата. Корејскиот технолошки гигант претстави и широка серија на телевизори со ултрависока резолуција со 55, 65 и 75 – ични екрани во две варијанти – рамни и свиткани.

„Samsung“ прикажа и две серии на таблети, создадени за професионална употреба – 12,2 -инчен „NotePro“ и „TabPro“, достапен во 12.2, 10,1 и 8,4 -инчни верзии. И двата таблети се нудат со интерфејсот на „Samsung“ – „Magazine“, кој им овозможува на корисниците да работат со четири примени истовремено на еден екран.

Таблетите располагаат и со програми како „WebEx Meetings на Cisco“, „Dropbox“ и софтверот на „Samsung“ – „e – Meeting“, кој овозможува споделување на екранот со други уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП