
• Најголемата инвестициона програма досега ќе биде наменета за нови Audi модели, иновации и за проширување на производствените капацитети насекаде во светот.
• Директорот на Audi, Руперт Штадлер изјави: “Испорачавме 1.5 милиони автомобили во 2013 година, сега одлучно целиме кон 2 милиони”
• Аксел Штротбек , член на одборот на директори за финансии и организација изјави: “Во иднина поинтензивно ќе инвестираме во нови производи”
• Членот на одборот за човечки ресурси , Томас Зиги изјави: ” Инвестирањето во иновации, производствени капацитети, вмрежување и електрична мобилност, ќе го засилиме со ангажирање на најдобрите во индустријата”
Audi започнува голема инвестициона активност во наредните години: од 2014 до 2018 година, околу 22 милијарди € ќе бидат инвестирани во нови модели, иновации и во проширување на производствените капацитети во светски рамки. Дури 70% од инвестициите ќе бидат наменети за нови модели и нови технологии. Германските фабрики, ќе имаат големи придобивки од најголемата инвестициона програма во историјата на компанијата – повеќе од половина од планираните инвестиции ќе бидат наменети за фабриките во Инголштад и Некарсулм. Згора на тоа, во 2014 година, Audi планира да отвори нови работни места насекаде во светот.


