„Acer“ го претстави 27-инчниот „Android“ компјутер со „quad core“ процесор и екран со резолуција од 2.560 x 1.440 пиксели.
Овој „се во едно“ уред служи како „Android“ центар за забава и како монитор со висока резолуција.
Според компанијата, моделот „Acer TA272 HUL“, чија што испорака веќе започна, нуди 2.560 x 1.440 „WQHD“ екран кој е четирипати поостар од конвенционалните монитори со висока резолуција.
Уредот поседува „Android Jelly Bean 4.2“ и екран чувствителен на допир.
Системот е опремен со „Nvidia Tegra“ процесор „quad core“,16GB RAM, веб-камера и два „Dolby“ звучници. Тука е уште и „USB 3.0“ портот со кој може да се приклучат гејмпадови и други периферни уреди.
„TA272“ исто така поседува и „HDMI“ и „DisplayPоrt“ конекции така што може да се користи и како монитор за лаптоп или десктоп компјутер, а исто така уредот има и „Windows 8“ сертификат така што може во целост да се користат опциите кои ги нуди најновиот „Microsoft“ оперативен систем.
Уредот ќе се продава по цена од 1.099 долари.