Овен (21.03 – 20.04)
Направeте чекор наназад. Опуштете се во светот на мечтите кој ви одговара. Убавите работи и мириси ќе ве привлекуваат. Почастете се со некое пазарување или прекрасна вечера. Дружете се со драгите лица.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес е ден во кој треба да направите нешто свое. Погледнете ја сета убавина околу вас и задржете ја во своето срце. Набљудувајте ја убавината на природата која ве опкружува. Ќе уживате во друштвото и чувствата кои ќе траат цел ден.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес е уште еден одличен ден за вас. Сите работи по природен пат ќе се наместат на своето место, а вие нема да треба да се потрудите околу тоа. Денес би можело да остварите некои многу важни контакти па задржете ги отворени сите начини на комуникација кои можете.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес силно ќе бидете поврзани со своите мисли и сонови, но ќе мора малку да се прилагодите за да ги поврзете. Обидете се на се да се посветите со позитивни мисли бидејќи единствено така ќе завршите се што е потребно. Комуницирајте и рамислувајте како да го подобрите својот внатрешен мир.
Лав (23.07 – 22.08)
Енергијата на денот е топла и разумна што прилично ќе одговара на вашиот карактер. Пронајдете начин како посилно да се поврзете со своите пријатели и драги лица. Покажете им на лицата околу вас колку тие ви значат.
Девица (23.08 – 22.09)
Не одете таму каде што не сте повикани и не го правете она што не е од вас побарано. Правилата и обичаите се темел за здрави односи па затоа придржувајте се до нив ако сакате квалитетен однос со другите луѓе, особено на ден како што е овој. Ќе откриете како насмевката и топлиот збор подобро делуваат од негодувањето.
Вага (23.09 – 22.10)
Имате чувство дека нешто убаво се приближува кон вас, но не можете да ги најдете точните зборови за да го опишете тоа претчувство. Не си ни обидувајте. Дозволете позитивните емоции да завладеат со вас. Добро ќе ви дојде каква било физичка активност, па не се затворајте дома.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ако сте лути некому, воопшто не се воздржувајте и искажете ја својата лутина. Колку повеќе прибирате во себе, толку повеќе ќе си ја зголемувате напнатоста. Директната и искрената комуникација е првиот чекор кон помирување. Очекувајте вечерта да ви донесе неочекувана релаксација. Уживајте во секој момент.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денeс ќе имате полно гориво за својот оган. Комуникацијата ќе се одвива лесно и слободно каде и да се појавите. Вашите соништа и фантазии ќе испливаат на површина па затоа најдобро е да ги изразите своите мисли. Горивото кое ќе ве поттикнува ќе биде многу силно, затоа препуштете и се на енергијата.
Јарец (22.12 – 20.01)
Поголем дел од денот ќе го поминете во длабоки размислувања и самокритикување. Не се измачувајте себе си. За секоја негативна страна којашто мислите дека ја поседувате, спомнете си и некоја позитивна. Среќата се крие во балансот.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес придружете им се на другите со цел да имате стимулативни разговори. Не сте сами во своите рамислувања и идеи. Сега е време и другите да ве слушнат. Поработете на остварување на сопствен мир преку искажување на вистината. Не се плашете од реалноста. Одлуките кои ќе ги донесете во врска со љубовта и соработката ќе бидат најдобри за сите.
Риби (20.02 – 20.03)
Најверојатно поради празничниот дух, денес ќе бидете инспирирани да помогнете некому. Постојат стотици начини на кои можете да ја покажете вашата хуманост. Претворете ги вашите замисли во добри дела. Издвојте си повеќе време за најсаканите луѓе во животот.