3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo претстави четири нови модели на смартфони

Lenovo претстави четири нови модели на смартфони

lenovo mala

Во изминатата година „Lenovo“ најави дека има амбиции да стане значаен играч на пазарот на паметни телефони во 2014-та година. Па така од компанијата не губат време за постигнување на таа цел и претставија 4 нови модели на паметни телефони кои ќе бидат понудени на меѓународните пазари.

lenovo novi1

Моделот „Vibe Z“ ќе е од највисоката класа на паметени телефони на компанијата. Тој ќе е со 5,5 – инчен дисплеј со 1080 пиксели, процесор „Snapdragon 800“ со брзина од 2,2 GHz и 2 GB RAM меморија, како и 13 – мегапикселна камера. Моделот ќе излезе на пазарот во февруари, а неговата цена ќе изнесува 549 долари и првично ќе се нуди на пазарите во Индонезија, Малезија, Тајланд, Саудиска Арабија, ОАЕ и Филипините.

lenovo novi

Кинеската компанија лансираше на пазарот и два нови модели од серијата „S“ – „S930“ и „S650“. Првиот ќе е со 6-инчен дисплеј и резолуција од 720 пиксели и за 319 долари ќе се нуди на меѓународните пазари, каде што е претставена компанијата. Моделот „S650“ ќе располага со 4.7 -инчен дисплеј, 8 мегапикселна камера и 8 GB внатрешна меморија. Неговата цена ќе е 229 долари. И двата модела ќе се со оперативен систем „Android 4.2 Jelly Bean“.

lenovo novi2

Последниот модел кој беше предложен од компанијата ќе е најприфатлив. Тоа е моделот „A859“, кој ќе чини само 219 долари и ќе е со 8 мегапикселна камера и 8 GB внатрешна меморија. Тој ќе располага со 5-инчен дисплеј со резолуција од 1280 × 720 пиксели.

lenovo novi3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП