26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајевтиниот автомобил на светот „Тата Нано“ добива дизел мотор

Најевтиниот автомобил на светот „Тата Нано“ добива дизел мотор

nano

„Тата Моторс“ не се откажува од концептот „најевтин автомобил на светот“. Моделот „Нано“ е освежен за 2014 година, а покрај бензинецот ќе биде достапна и верзијата со турбо-дизел мотор.

Индиската компанија со ова покажува дека продолжува да го унапредува својот мал градски автомобил.

Досега овој автомобил беше придвижуван од бензински мотор со зафатнина од 624 сантиметри, со 38 кс (28 кW), а на купувачите им е понудена и верзијата на истиот мотор прилагодена освен на бензин, како гориво да може да користи и компримиран природен гас.

Во 2014 година палетата на мотори ќе биде проширена и со двоцилиндричен 0.8-литарски турбо-дизел со 45 кс (33 кW), што треба просечно да троши 2,5-2,8 литри на 100 километри.

Покрај воведувањето на дизел моторот во понудата на моделот „Нано“, компанијата „Тата Моторс“ планира во 2014 година да претстави два нови компактни модела.

Првиот ќе биде хечбек што наводно е осмислен во европското дизајнерско студио на индискиот производител.

Овој модел треба да стигне на пазарите до крајот на годината, а за погон ќе биде задолжен 1.2-литарскиот турбо-бензинец и 1.3-литарскиот Мултиџет дизел агрегат на „Фиат“.

Вториот модел, што треба да се појави во 2014 година, е седанот, долг нешто помалку од четири метри, а за погон ќе се употребат истите мотори како и кај хечбекот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП