3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗабранета продажбата на HTC во Германија

Забранета продажбата на HTC во Германија

htc-nokia

Германскиот суд за парницата која ја водат „Nokia“ и „HTC“, пресуди во корист на финскиот производител (истата работа се случи и во Англија). Според пресудата, на територијата на цела Германија е забранета продажба на поголем дел од уредите на „HTC“ кои користат „Android“ (вклучувајќи го и „HTC One“).

Поконкретно, забранети се оние уреди на „HTC“ со „Android“ кои го користат патентот за кој „Nokia“ ги поседува правата за користење, а служат за поврзување преку „NFC“ или „Bluetooth“ за меѓусебна размена на информации.

„HTC“ има право на жалба доколку може да го увери судот дека може да го докаже спротивното. Во меѓувреме, „Nokia“ има право да бара престанок на продажбата на спорните уреди, доколку издадат обврзница од 400 милиони евра во случај „HTC“ во жалбата да ја докаже невиноста.

Од компанијата накратко испратија порака дека првата новогодишна одлука на „HTC“ би требало да биде чесно да настапат на пазарот.

Двете компании судски процеси во врска со патентите водат во седум држави, а дополнителни пресуди се очекуваат на почетокот на 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП