2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПроблеми за производителите на фото-апарати

Проблеми за производителите на фото-апарати

aparati foto

Според истражувањето на „IDC“, оваа година ќе бидат продадени во светот околу 40 проценти помалку компактни фото-апарати од минатата година, со што се потврдува продолжувањето на овој тренд.

Имено, како паметните телефони доаѓаат со подобри фотографски можности, помали се побарувањата на купувачите и се повеќе се свртуваат кон овие уреди, а со тоа ја игнорираат потребата да поседуваат „обична“ камера. Од друга страна, постојат (полу) професионални решенија за кои не постои страв, но повеќето од аматерските корисници пред се се одлучуваат за нешто понизок квалитет на сликата во корист на лесното поврзување, кое го нудат смартфоните.

Производители во овој пазар треба да ги прилагодат своите бизнис стратегии, сметаат аналитичарите. „Samsung“ по ова прашање веќе повлече некои потези и сега се очекуваат реакциите и на другите великани.

„Canon“, „Nikon“ и „Sony“, се силни брендови кои во понудата ги имаат сите класи на апарати кои најверојатно нема да забележат значителна штета, делумно тоа се должи на фактот дека се уште развиваат „SLR“ фото-апарати. Но „Fujifilm“, „Olympus“ и „Panasonic“, на пример, кои поголемиот дел од своите приходи го остваруваат од компактните фото-апарати , пред себе имаат голема борба за клиенти со паметни телефони, сметаат експертите од „IDC“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП