4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајдобриот спорт-тјуринг мотоцикл за 2013-та

Најдобриот спорт-тјуринг мотоцикл за 2013-та

Multistrada1200S_Touring

„Ducati Multistrada S Touring“ е одличен спорт-тјуринг мотоцикл, кој во стандардната опрема има контрола за пролизгување, „ABS“ и прилагодлива шофершајбна.

Моделот на италијанската компанија се разликува од своите конкуренти пред се според стилот и суспензијата. Исто така, со тежина од само 235 килограми, значително е полесен од популарните „S-T“ мотоцикли какви што е „Yamaha FJR1300“, што значително се рефлектира на неговото однесување на патот.

„Ducati“ на моделот за 2013-та година го претстави „Skyhook“, системот за суспензија, кој користи „Sachs“ електронски вентили, па во зависност од брзината на движење и силата на сопирањето ги прилагодува амортизерите.

Многумина овој систем го нарекуваат „волшебен тепих“, кој мотоциклот го прилагодува на сите ситуации, без оглед на средината во која се вози.

Доколку барате вистинска спорт-тјуринг машина, местото во вашата гаража резервирајте го за „Multistrad S Touring“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП