23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпас за Fisker?

Спас за Fisker?

fikser1

Производителот на луксузни автомобили на хибриден погон, компанијата „Fisker“, поради финансиски проблеми во изминативе шест месеци не направи ниту еден примерок од моделот „Karma“. Според најновите податоци, „Fisker“ е на пат да излезе од моменаталната криза во која се наоѓа.

Финансиската помош за „Fisker“ би можела да пристигне од кинеската компанија „Wanxiang“. Кинезите од неодамна ја купија компанијата „A123 Systems“, во која се произведува литиум-јонската батерија за моделот „Karma“.

Претседателот на „Wanxiang“, Пин Ни, изјави дека е во интерес на кинеската компанија да помогне во реконструкцијата на производството на „Fisker“. Пин Ни не потврди дека неговата компанија планира директни инвестиции во „Fisker“, но не ја отфрли можноста за формирање на стратешки сојуз помеѓу двете компании.

Претставникот на „Fisker“, Роџер Ормишер, одби да ја коментира оваа вест, но изјави дека многу потенцијални партнери покажале интерес за соработка. Со оглед на тоа дека преговорите се во тек, Ормишер не сакаше да навлегува во детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП