3 јули, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМерцедес ќе претстави свој паметен часовник

Мерцедес ќе претстави свој паметен часовник

mercedes casovnik

Мерцедес е симбол за успешна примена на напредната технологија во производството на автомобили. Сепак, германскиот гигант не запира на тоа и повторно секогаш е во потрага по нови решенија. Овој пат не станува збор за технолошки иновации во возилото, туку уред што треба да ги одржи заедно возачот и автомобилот, и кога тие не се во непосреден физички контакт. Тоа е паметен часовник, за кој луѓето од Meрцедес велат дека драстично ќе се промени односот на возачот кон автомобилот, и обратно.

Паметниот часовник на Мерцедес ќе му овозможи на возачот во секое време да ги има сите основни информации за автомобилот, како што е нивото на горивото, дали вратите се заклучени и слично.

Прототипот на овој интересен рачен часовник ќе биде претставени на претстојниот саем за електроника за широка потрошувачка во Лас Вегас.

Интересно е што часовникот ќе си ја вриши својата улога и кога возачот седи зад воланот на својот Мерцедес, бидејќи тоа навремено ќе испраќа корисни информации, како што се оние поврзани со потенцијални несреќи и опасности на патот или сообраќајниот метеж.

Мерцедес не е првиот производител на автомобили кој се заинтересира за оваа технологија бидејќи на Нисан веќе го претстави „Нисмо“, паметниот часовник за време на Саемот за автомобили во Франкфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар