19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 31.12.2013

Дневен хороскоп 31.12.2013

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денот може да биле полн со непредвидливи случувања и среќавања. Во доцните вечерни часови Месечината влегува во Јарец и ви носи тензии бидејќи ќе бидете во најтемната фаза. Може да бидете прилично неспокојни во врска со некои важни прашања. Не би требало премногу да се оптеретувате со работата која не сте ја завршиле. Внимавајте да не ја повредите ногата, особено коленото. На некој му е многу вжно да биде со вас во добри односи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Сеуште сте многу aмбициозни и упорни поради нагласениот знак на Јарец во Месечината. Немојте да бидете преосетливи и не се нервирајте за некои неважни прашања. Многумина ви завидуваат на успехот, а никој не знае колкава е цената што ја плаќате за тоа. Потребно е ситуацијата во која се наоѓате да ја согледувате од поведар агол. Со многу соработници не сте во добри односи бидејќи се плашите дека некој може да направи нешто спротивно на вашите интереси и затоа се повлекувате и се однесувате воздржано.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Месечината во Јарец не им одговара на оние кои сакаат се и веднаш и оние кои на другите не им дозволуваат да им го режираат животот. Се обидувате да ги разберете мотивите на другите луѓе но тоа слабо ви оди. Обидете се да направите некоја нова финансиска трансакција или договор со цел да излезете од кризата кога станува збор за пари, но треба да знаете дека за тоа ви е потребен голем напор. Не земајте кредити и не се оптеретувајте со размислувањата на оние на кои не сте им симпатични.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Бидејќи поседувате неуморна енергија, искористете ја како што треба. За почеток, учете да креирате односи со околината, но и други работи. Бидете подготвени да ги исполнувате туѓите желби, но ќе видите многу убави работи. Во фаза сте на донесување многу важна одлука. Одморете го вашиот мозок, размислете убаво и донесете ја вашата правилна одлука.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Празничната еуфорија ќе го обземе вашиот ум и ќе заборавите на сите можни обврски и планови. Но внимавајте сепак не се сите денови неработни, затоа планирајте по новогодишната ноќ повторно да и се вратите на работата која во последно време ја запоставувате, постои можност да ја изгубите доколку продолжите со ова несериозно однесување. Пријателите и соработниците не разбираат зашто така постапувате, а верувајте тие не ви мислат лошо. Овој период ви е клучен за понатамошниот тек во животот, обидете се да направите правилни чекори.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе се чувствувате несигурно во врска со вашите планови и тоа е уште еден знак дека ви треба одмор и нов почеток. Тоа што ќе ја почувствувате монотонијата во вашата работа денес е јасен знак дека треба да преземете и да промените нешто, особено на емотивно ниво. Обидете се на вечерната прослава да си го одморите мозокот и новата година да ја започнете со поголема енергија за вредно работење.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Треба да ја најдете средината меѓу двете крајности. Нема да знаете во што или кому да верувате. Ќе мора да ги отфрлите туѓите желби и да се концентрирате на остварување на вашите. Ќе бидете во недоумица, помеѓу она што треба и она што сакате да го направите. Послушајте го советот на некој Бик, тој ќе ви помогне.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Неколку обврски нема да ви дозволат релаксирано да го започнете денот, но затоа пак ќе надоместите со опуштена вечер во која вашите желби ќе бидат на прво место. Не заборавајте дека годината одминува и дека ова е последниот ден кога можете да креирате незаборавни спомени кои ќе ги понесете со вас во новата.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Утрото ќе бидете растрчани и намуртени, иако празничната еуфорија малку по малку ќе пробива до вас. Откако ќе сфатите дека подготовките се под контрола, ќе ја раширите насмевката која нема да се симне од вашето лице. Вечерта ќе почувствувате спокојство како ретко кога во текот на оваа година. Независно дали околу вас ќе има две, пет или стои лица, во 00:00 часот вие ќе лебдите во свој свет кој ќе ве исполни со радост и оптимизам.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можни се некои конфликти со партнерот или некој пријател. Преголемата чувствителност може да предизвика драматични ситуации, но ќе успеете да се соочите. Внимавајте на говорот на тело, тоа многу ќе зборува за вас иако сакате некои работи да ги скриете. Празничната еуфорија ќе ве расположи максимално и ќе ве мотивира за понатамошни поголеми успеси.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Родените на почетокот на овој знак мораат посериозно да се позанимаваат со своите работи и да се вклучат во некаков проект кој би можел да им донесе подобри приходи. Ако сте предмет на критика, односно постои сомнеж за вас дека не сте доволно активни и дека не се ангажирате доволно во рамките на работата, не им забележувајте на оние кои ве критикуваат, наместо тоа од нивната критика извлечете го максимумот. Можна е обнова на соработката со некој Бик или Шкорпија.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Некави новости на деловен план можат да ви ја заскокоткаат мечтата за некакви бенефити кои може да ги имате но бидете претпазливи и не допуштајте премногу да ве обземат убави и розеви мечтаења, бидејќи на вашиот деловен и професионален план малку место има за такви мисли, знаете и самите. Всушност можно е редоследот на случувањата да ве разочара по својата содржина која може да е сосема поинаква од посакуваното. Ова истото се однесува и на односот со едниот родител, посебно ако после долго време на негова иницијатива сте ги подобриле односите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП