5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМерцедес произведе скоро 1.5 милиони возила во 2013-та

Мерцедес произведе скоро 1.5 милиони возила во 2013-та

merce proiz

Мерцедес успешно го спроведува крајот на 2013-та година со скоро 1.5 милиони произведени и со повеќе од 1.4 милиони продадени возила ширум светот. На тој начин германскиот производител веќе трета година по ред го соборува рекордот во годишното производство на своите автомобили.

„Во 2013-та направивме одличен чекор во нашата стратегија на раст и истовремено ја оптимизиравме сопствената продажна инфраструктура. На тој начин, направивме предуслови за и 2014-та да биде уште една рекордна година кога станува збор за бројот на произведени и продадени автомобили“, истакна еден од членовите на управниот одбор и шеф на АМГ одделението, Ола Калениус.

Во Мерцедес велат дека за ваквите резултати најмногу заслуга имаат и освежените и нови модели кои се појавија на пазарот во 2013-та година. Најпрво во април на пазарот пристигна редизајнираната Е-класа и новата компактна лимузина ЦЛА. Моделот ЦЛА одлично се покажа и на пазарот  во САД каде за четири месеци беа продадени преку 12.000 возила.

Мерцедес С-класа, кој ќе започне да им се испорачува на купувачите во текот на летото, исто така влијаеше на порастот во продажбата на целиот бренд. Поради зголемената побарувачка, производните капацитети се пополнети, а моментално од производната лента од фабриката во Зинделфинген, дневно излегуваат 460 примероци од овој модел, што е најдобар резултат во историјата на С-класа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП