4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБразилците се обидуваат да го продолжат животот на VW Kombi

Бразилците се обидуваат да го продолжат животот на VW Kombi

kombii

Властите во Бразил можеби ќе го изземеат „Volkswagen Kombi“ од примената на новите безбедносни прописи и во 2014-та година да продолжи производството на ова технолошки застарено возило.

Неодамна беше пренесе веста дека легендарниот „VW Kombi“, кој се произведува само во Бразил, по повеќе од шест децении ќе престане да произведува на 31-ви декември. Главната причина за прекин на производството биле лошите безбедносни карактеристики на возилото и техничката невозможност за инсталирање на современи системи за безбедност.

Новиот закон бара сите нови автомобили во Бразил од 1-ви јануари 2014-та година да бидат опремени со „ABS“ систем и воздушни перничиња за возачот и за совозачот. „Volkswagen“ објави дека ќе го прекине производството „Kombi“, бидејќи, според нив, „полесно да се изгради сосема нов автомобил, отколку „Kombi“ да се реконструира и да одговара на новите прописи“.

Иако веста за престанокот на производство на „Kombi“ се појави во цел свет, од Бразил доаѓа навестување дека животот на овој популарен автомобил може да биде продолжен. Министерот за финансии, Гвидо Maнтега, рече дека се истражуваат правните можности да се продолжи со производство на овој модел и по 31-ви декември.

Еден од аргументите кој тој ги изнесе е тоа што „Kombi“ е конструиран во 1950-та година и поради оригиналниот дизајн не може во него да се доградат модерени системи за безбедност, поради кои би можел да биде изземен од примената на законот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП