2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ се дружеше со штитениците од домот 11 Октомври

ФФМ се дружеше со штитениците од домот 11 Октомври

ffm55-naslov

Децата од домот 11ти октомври од Скопје имаа можност да ја посетат Куќата на фудбалот. Во придружба на директорката на јавната установа, Г-ѓа Ристенка Атанасова и спортскиот едукатор Ѓорѓи Миновски беа во обиколка на просториите на Куќата на фудбалот, и потоа на прием кај претседателот на ФФМ, Г-н Илчо Ѓорѓиоски.

За оваа прилика Фудбалската Федерација на Македонија издвои донација од 15 спортски комплети и фудбали за оние деца кои тренираат фудбал и кои учествуваат на редовното првенство во фудбал за децата од сите домови во Европа, кое се одржува во јуни во Кечкемет, Унгарија. Исто така децата од европските домови имаат редовно дружење во Нинберг – Германија, придружено со фудбалски натпревари и турнири, кое традиционално се случува во август.

Ѓорѓиоски ги поздрави овие активности особено желбата да се постигне успех на фудбалскиот турнир во Кечкемет, и кажа дека фудбалската федерација на Македонија ќе се потруди да обезбеди фудбалски тренери кои ќе ги подготват децата пред настапот на турнирот.

„Никогаш не се знае, можеби меѓу вас се крие иден репрезентативец на Македонија“ – истакна претседатолот Ѓорѓиоски.

Во знак на благодарност, децата на претседателот му подарија слика која сами ја имаат изработено, а директорката Атанасова му врачи благодарница.

ffm44

ffm55

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП