
Познатиот американски сајт посветен на мотоцикли, „Motorcycle.com“, го објави својот традиционален список за најдобрите мотоцикли во годината што изминува.


Познатиот американски сајт посветен на мотоцикли, „Motorcycle.com“, го објави својот традиционален список за најдобрите мотоцикли во годината што изминува.
Во категоријата „најдобар спортски мотоцикл“, минатата година го освои БМВ „S1000RR“, а титулата оваа година нема да си замине од Минхен, бидејќи му припадна на моделот „HP4“.
„HP4“ стигна на пазарот кон крајот на минатата година, а многу бргу стана јасно дека тоа е жестока машина, со мала тежина, со одлични времиња на тестирањето, електронска контрола на амортизацијата која се прилагодува, и затоа не треба да биде изненадување дека „баварецот“ дојде до оваа престижна награда.
Неговиот агрегат е непроменет во споредба со „S1000RR“, иако е многу моќен, не е тежок да се контролира и има високо оптимизирана потрошувачка. Не треба да ги заборавиме алуминиумски тркала, како и „Brembo“ сопирачките, кои можат многу лесно да го запрат овој мотоцикл.
Сепак, кога зборуваме за „HP4“, секогаш некако се доаѓа до неговата електроника – системот за контрола на пролизгувањето, кој и на релативно неискусните возачи ќе им обезбеди уживање додека возат. Додека динамичната контрола на амортизерите претставува фантастична иновација, која многумина со нетрпение очекуваат да ја видат и на евтините модели.