АВТОБИЗ

Пристигнува нов модел од кинескиот производител Qoros

kineski qoros

Kомпанијата „Qoros Auto“ објави фотографии од својот втор модел кој на пазарот ќе пристигне во 2014-та година.

Од „Qoros“  не соопштија за каков вид на автомобил станува збор, но се претпоставува дека е продукциска верзија на еден од двата концепти, кои овој производител ги прикажа во март месец.

Потсетуваме, во Женева (март месец) покрај сериската верзија на лимузината „Qoros 3 Sedan“ беа претставени прототипите на идните модели, кросоверот „Qoros 3 Cross Hybrid“ и караванот „Qoros 3 Estate“. Ако најновите фотографии се споредат со оние од Женева, може да се заклучи дека вториот модел на „Qoros“ кој ќе се појави во 2014-та е токму споменатиот кросовер.

Останува да се види дали и продукциската верзија ќе добие погонски систем, како и концептот кој имаше 1.2 литарски турбо-бензински мотор и два електромотори. Покрај заштедата на гориво со комбинацијата на двата вида мотори, на кросоверот му обезбедуваат погон на сите четири тркала.

Од „Qoros“ велат дека овој автомобил има кавалитет и спецификации кои се потребни за настап на европскиот пазар.