2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЛеново сака да го освои пазарот на мобилни телефони

Леново сака да го освои пазарот на мобилни телефони

lenovo telefon

Џ. Д. Хауард , потпретседателот на Леново задолжен за развој на бизнисот во пазарите надвор од Кина, вели дека целта на нивната компанија да стане број еден производител на пазарот на мобилни телефони.

Моментално Леново според продажбата на мобилни телефони во Кина, се наоѓа во второ место, зад Самсунг, додека нивните резултати надвор од кинескиот пазар засега се многу скромни. Сепак, компанијата планира голема експанзија во побогатите пазари во текот на 2014-та година, каде што веќе имаат искуство со продажба на преносни компјутери и таблети.

Ова лето, бројот на мобилни телефони и таблети кои ги произведува Леново го надмина бројот на нивните компјутери, иако пазарот на персонални компјутери и се уште прави 85 проценти од приходите. Со истражување на странските пазари се дојде до заклучок дека постои голем потенцијал за проширување, и дека потрошувачите во развиените земји сакаат трета опција, алтернатива на водечките производители, Ејпл и Самсунг.

„Знам дека целта (водечка позиција во продажбата на мобилни телефони) звучи лудо, но ако пред пет години ви кажев дека ќе бидеме лидери во производството на персонални компјутери, исто така ќе ми кажевте дека сум луд“, изјави Хауард.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП