19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Peugeot 608

Новиот Peugeot 608

Peugeot-608-47

Иако моделот 508 дојде на пазарот како замена за моделите од серијата 4 и 6, францускиот производител на автомобили не се откажува од најголемите модел. Со ознаката 608 на пазарот наскоро ќе се појави нов модел кој ќе се одликува со модерна технологија.

Дизајнот во некои детали малку потсетува на „Citroen DS5“, што не е изненадувачки со оглед дека „Citroen“ и „Peugeot“ се членови на „PSA“ групацијата.

За сега, ние знаеме дека со модерните бензински и дизел мотори, исто така се нудат и дизел-хибрид системи. Кога треба да се спомене и хибридната технологија, велат дека таа во моделот 608 ќе е многу слична на онаа која веќе се користи во повеќе луксузни модели на „PSA“ групацијата. Поради распоредот на „SUS“ и електричниот мотор се подразбира и 4×4. Најновата генерација на батерии ќе обезбеди солидна автономија на исклучиво електричен погон.

Класичните дизел мотори со внатрешно согорување ќе бидат понудени во спектар на моќта од 163 до 275 КС, и не постои сомнеж дека сите вкусови ќе бидат задоволни.

Должината на телото е од 4,95 метри, а ширината од скоро 2 метри (конкретно 199 см) укажува на кралската удобност во сите позиции.

Во согласност со големите димензии на каросеријата ќе се формира и цената. Се претпоставува дека на основниот модел не ќе може да се купи под 55.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП