2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајочекуваните смартфони за 2014-та

Најочекуваните смартфони за 2014-та

Smartphones_2014

Крајот на годината е се поблиску и производителите на паметни телефони се подготвуваат да ги израдуваат корисниците со своите нови модели. Еве и кои се најочекуваните модели за 2014-та година за кои може да се добијат информации на интернет од неименувани извори.

„HTC M8/HTC One 2“

smartdoni1

Од јули е познато дека следниот премиум модел на „HTC“ го носи тајното име „HTC M8“ – успешниот наследник на „M7“ кој последователно се претвори во „HTC One“. Можно е трговскиот назив на моделот „HTC One“ да се задржи или да се промени во „HTC One 2“  или во „HTC One“ ( 2014 ). Се очекува моделот да биде презентиран во февруари, најверојатно на Светскиот мобилен конгрес. Во однос на спецификациите, очекувањата се моделот да е со процесорот на „Qualcomm – Snapdragon 800“ со фреквенција од 2,3 GHz , петинчен дисплеј со резолуција од 1920×1080 пиксели и софтверот „Android 4.4 KitKat“.

„Sony Xperia Z2/Avatar“

smartdoni2

Јапонскиот производител „Sony“ најверојатно ќе биде првиот водечки производител кој ќе се претстави со надградба на својот модел од највисока класа. Во последните години компанијата значително го скратува времето на претставување на новите модификации на пазарот во обид да освои дел од пазарот во „Android“ – сегментот. Во изминатата година бевме сведоци на презентацијата на два модела од највисока класа – „Xperia Z“ и „Xperia Z1“, а сега се очекува да биде претставен моделот „Sony Xperia Z2“. Според гласините смартфонот го носи тајното име „Avatar“. Се очекува новата генерација да е со сличен дизајн на моделите од серијата „Z“, кој е специфичен за смартфоните. Најверојатно процесорот ќе биде „Qualcomm Snapdragon 800“, а екранот е „HD“ и моделот ќе располага со 3 GB RAM меморија. Можно е големината на екранот да биде зголемен до 5,2-инчи, но на 6-ти јануари ќе биде познато за што точно ќе станува збор, затоа што „Sony“ за тогаш има закажано прес-конференција.

„Nokia Lumia 929“

smartdoni3

„Nokia“ постигна сериозни успеси во последните 12 месеци, правејќи ги моделите „Lumia“. Најдобар уред до моментов е „Lumia 1520“. Моделот „Nokia Lumia 929“ се очекува да ја пополни празнината во производниот микс, па така овој уред се очекува да има 5-инчен HD-дисплеј, 20 мегапикселна „PureView“ камера.

„Samsung Galaxy S5“

smartdoni4

За многу корисници најочекуваниот модел за следната година ќе биде новата генерација на најпродаваниот смартфон во светот – „Samsung Galaxy S5“. Јасно е дека според техничките карактеристики на смартфонот, тој ќе биде најдобриот уред што се нуди во моментов. Во нив се вклучени, 5-инчен дисплеј со резолуција од 2560х1440 пиксели (560 ppi) што ќе го направи смартфонот со најдобар дисплеј во светот. Процесорот најверојатно ќе е „Qualcomm Snapdragon 800“ и ќе располага со 3 GB RAM меморија. Најзначајната разлика, сепак се очекува да е во телото на моделот. Тој може се нуди во две варијанти – со пластично и со метално куќиште. Според експертите датумот на неговото претставување ќе биде во април.

„LG G Flex“

smartdoni5

Моделот веќе беше претставен како еден од првите уреди во светот со заоблен дисплеј. Тој располага со 6 -инчен дисплеј и со процесор „Snapdragon 800“. Во продажба е на некои азиски пазари во декември, а во следната година се очекува да излезе и на меѓународните пазари.

„Samsung Galaxy Round“

smartdoni6

Уште еден уред со заоблен дисплеј се очекува да стане достапен на меѓународните пазари во наредната година. Моделот е со 5.7 -инчен дисплеј и позајмува дел од дизајнот од „Galaxy Note 3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП