26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНебезбедниот Knox на Samsung

Небезбедниот Knox на Samsung

knox samsung

„BlackBerry“ отсекогаш бил познат како многу безбеден уред за бизнис корисниците, сепак, поради лошите бизнис одлуки, речиси исчезна од сцената на мобилните телефони, па „Samsung“ ја виде можноста да ги превземе деловните луѓе од „BlackВerry“.

Со цел да се докаже дека одредени телефони на „Samsung“ се безбедни, тие понудија решение во вид на „Knox“ технологии кои им овозможуваат на корисниците истиот уред да го користат како приватен, но и за бизнис активности, без страв од кражба на деловните податоци преку вируси и малвери.

Сепак, дури и најсигурните решенија имаат барем по еден се уште не евидентиран пропуст, а тоа го покажаа израелските безбедносни истражувачи од „Бен- Гурион“ за „Samsung – Knox“. Тие открија дека е можно да се следи комуникацијата на електронските пораки и снимање на податоци од комуникации. Воочениот пропуст им овозможува на злонамерните корисници лесно следење, превземање или менување на податоците, па дури и вметнување на малициозен код со кој може да ја наруши безбедноста на мрежата.

Од „Samsung“ пристигна очекуваниот коментар за безбедносната „дупка“, дека таа не е толку значајна и дека до неа дошло поради тестирањето на уредите кои ја немале целосната верзија на корпорацискиот софтвер. Без оглед на се, вестите за „Samsung“ не може да пристигнат во полош момент, затоа што американското Министерство за одбрана неодамна превзема 500 примероци од уредот „Samsung Galaxy S4“ кои ќе подлежат на тестирања. Ако уредите го поминат тестирањето, „Samsung“ ќе стане важен снабдувач на Пентагон, со што ќе си обезбеди долгорочни сигурни приходи.

Портпаролот на владата не ја пропушти можност да коментира за тоа дека соработката и употребата на мобилните телефони на „Samsung“, нема да се случи ако телефоните се покажат како небезбедни.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП