3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФранцуско-кинески смартфон го освојува пазарот

Француско-кинески смартфон го освојува пазарот

wiko

Малата француско-кинеска компанија „Wiko“, до минатата година беше скоро непозната, а во 2013-та година стана број три во секторот на „паметни“ телефони во Франција со пазарен удел од 18 проценти.

Успехот на „Wiko“ од Марсеј е спектакуларен, пишува француски „Figaro“. Компанијата е основана во февруари 2011-та година, а веќе во оваа година продаде околу два милиони смартфони, што е четири пати повеќе од 2012-та.

Иако засега не располага со уреди од четвртата генерација, „Wiko“ станува сериозен конкурент на „Apple“ и „Samsung“, бидејќи нуди телефони за три до четири пати пониски цени. Телефоните на „Wiko“ засега не се продаваат кај операторите, туку само во големите дистрибутивни ланци и преку интернет.

И покрај тоа што станува збор за француско-кинеска соработка, „Wiko“ игра на картата на францускиот патриотизам кај клиентите.

Партнерот на оваа француска компанија се наоѓа во Шенџун, на југот на Кина, дури 9.000 километри од Марсеј. Станува збор за компанијата „Tinno“ која во 2005-та година ја основаше 30-годишниот Лин Венхонг.

Првите телефони ги продавал во Пакистан, Индонезија, Виетнам и Бангладеш. Во текот на 2011-та година оваа компанија продаде околу 14 милиони телефони во светот со просечна цена од 23 долари.

Истата година „Tinno“ влезе на пазарот на телефони со „3G“, а оствари соработка со производители во Италија и Русија, а во Франција ја отвори првата европска филијала која веќе започна со продажба на пазарите во Германија, Алжир, Шпанија, Португалија и Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП