7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla го продава Model S во Кина без ознаките на брендот

Tesla го продава Model S во Кина без ознаките на брендот

model s tesla kina

Американскиот производител на електрични автомобили започна со продажба на „Model S“ на кинескиот пазар без користење на името на брендот, поради тоа што името „Tesla“ веќе е заштитено во оваа земја.

Уште во август месец беше познато дека „Tesla Motors“ за време на подготовките за лансирање на „Model S“ во Кина, тие се соочија со правен проблем.

Во почетокот се чинеше дека се се одвива без проблем, процедурата околу регистрирањето беше скоро комплетирана, резервациите за „Model S“ започнаа да пристигнуваат, исто така беше отворен и салон, и ред други работи.

Меѓутоа, тогаш се појави одреден бизнисмен кој тврдел дека го има заштитено името и логото кое многу слично на тоа на „Teslа“, уште во 2006-та година. Станува збор за компанијата „Tesla Zhana Baosheng“ која најверојатно исто така се занимава со развој на електрични автомобили.

Според мислењето на аналитичарите, најбезболно решение за американската компанија беше да го откупи „Baosheng“, па на тој начин да ги добие правата за употреба на името „Tesla“ во Кина, но тој план засега не се реализираше.

„Tesla Motors“ во меѓувреме лансираше локална интернет страна за кинескиот пазар, преку која во таа земја ќе може да се нарача автомобил на овој производител, но на неа не се појавува името на брендот на кинески јазик, кој фонетички би требало да гласи „Te Si La“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП