16 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes за новата C сlasѕ го понуди пакетот AMG Line (фото)

Mercedes за новата C сlasѕ го понуди пакетот AMG Line (фото)

amg c class

„Mercedes“ го претстави спортскиот пакет „AMG Line“ зa новата „C сlasѕ“, во пресрет на официјалната премиера на овој модел која е закажана за саемот на автомобили во Детроит во јануари 2014-та година.

Додека на пазарот кон крајот на 2014-та не се појави спортскиот „Mercedes C63 AMG“, купувачите кои сакаат нивната „C сlasѕ“ визуелно да има слични надоградувања ќе мораат да се задоволат со пакетот „AMG Line“.

amg c class1

Пакетот за унапредување на надворешноста на автомобилот вклучува различен преден браник и маска на ладилникот во „AMG“ стил и аеродинамички додатоци во должина на праговите на возилото.

Долниот дел на предниот браник е украсен со хромиран спојлер, а задниот браник е редизајниран така да ќе добие странични вертикални отвори во стилот на „AMG“.

amg c class2

Пакетот „AMG Line“ се заокружува со специјално дизајнирани 18 инчни алуминиумски бандажи.

Покрај тоа, вака опремената „C сlasѕ“ има и 15 mm пониска спортска суспензија во однос на стандардниот модел, како и подобрени сопирачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП