26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.12.2013

Дневен хороскоп 26.12.2013

zodiac222

oven1

 

ОВЕН (21.03 – 20.04)

Транзитот на Месечината преку Вага не може да ви донесе многу добри нешта ако не сте прилагодливи и ако не бидете доволно кооперативни. Се трудите да оставите впечаток на отворена личност, но всушност не знаете на кого да му верувате. Ќе добиете повик од некоја Шкорпија за која не сте сигурни дека можете да и верувате а сепак морате да соработувате бидејќи таа е дел од тимот. Верувајте во добронамерноста на една Водолија и на еден Рак.

bik1

 

БИК (21.04 – 21.05)

Верувате дека ќе успеете со одредена тактика да надмудрите некој кој долго не сте го слушнале или некој за кој никогаш не сте сигурни како ќе реагира на вашите деловни предлози. Можна е соработка со лица кои работат во медиумите и со кои имате добро искуство. Бидете подготвени да влезете во некоја нова работа во која ќе биде потребно да имате добро познавање на странските јазици.

bliznaci1

 

БЛИЗНАЦИ (22.05 – 22.06)

Ова е одличен момент да почнете да заработувате. Многу вложувавте, па нормално е да ви се врати. Потрудете се да не се расправате со соработниците. Загрижени сте, а и самите не знаете зошто. Потрудете се да се смирите и да бидете потолерантни. Поведете повеќе сметка за сопственото однесување, бидејќи може да станете жртва на скандали.

rak1

 

РАК (22.06 – 22.07)

И понатаму не сте во форма. Навредени сте за секоја ситница. Мислите дека околината не ве сака и дека сите се свртени против вас. Бидејќи ставот е субјективен, најдобро е да се повлечете и на мир да ја анализирате ситуацијата, која во меѓувреме се искомплицирала. Кога работите не одат како што треба, пожелно е да се прекинат.

lav1

 

ЛАВ (23.07 – 22.08)

Иако се евидентни застоите во работата и финансиските доцнења, тоа не ве спречува да го одржувате саканото темпо. Работите во свој стил, трпеливо и педантно. Загрижени сте поради промената на статусот и решавањето на семејните проблеми. Се колебате меѓу повеќе понуди. Вашата љубезност и желба да помогнете некому секогаш наидувала на аплаузи, а денешниов ден нема да биде исклучок.

devica1

 

ДЕВИЦА (23.08 – 22.09)

Вие сте во постојана потрага по вредности, но внимавајте да не згрешите. Не е се поврзано со пари. Постојат работи кои имаат поголемо значење, а кои во последно време ги занемаривте. Преземете малку поголем ризик и бидете директни во разговорите, особено ако се тоа бизнис преговори. Ако се обидувате да ја заобиколите суштината, нема да го постигнете посакуваниот ефект.

vaga1

 

ВАГА (23.09 – 22.10)

Верувајте во себе и верувајте во одлуките што ги донесувате. Денес ќе ви се пружи одлична можност да се истакнете на работното место. Искористете ја без двоумење. Лесно ќе можете да се изразувате, без да се сплеткувате во зборовите. Доколку имате важен состанок или презентација, не се грижете за претставувањето – се ќе помине во најдобар ред.

shkorpija1

 

ШКОРПИЈА (23.10 – 21.11)

Успешно ги остварувате идеите, а притоа не мора да се осврнувате на никого. Во целата приказна вие сте на удар на разни трачеви и незгоди. Шкорпиите мора да се учат на трпение, слушање на туѓите потреби, а пред сe, да сфатат дека не се сами на светот. Ова последново е најважно. До целта ќе дојдете со огромен труд.

strelec1

 

СТРЕЛЕЦ (22.11 – 21.12)

Ниту еден план денеска нема цврста основа, па не надевајте се на идеален резултат. Имате променливо расположение, посуетни сте од обично. На околината не и е лесно со вас. Алармантно е тоа што самите себеси сте си најголем непријател. Дружете се со Ракови.

jarec1

 

ЈАРЕЦ (22.12 – 20.01)

Денес тимската работа ќе ви помогне да бидете најефективни. Не бегајте од луѓето и не ги избегнувајте разговорите со нив. Некој инспиративен разговор ќе ја разбуди креативноста во вас. Бидете подготвени да стапите во контакт со интересен истомисленик, тоа е вашата можност за нова соработка која ќе ви донесе голем профит.

vodolija1

 

ВОДОЛИЈА (21.01 – 12.02)

Денес учете се да ги одбивате лицата кои бараат премногу од вас. Во никој случај не дозволувајте вашата љубезност и добродушност да бидат искористени. Подобро е да бидете поостри навреме и да кажете цврсто не, дури и да ви замери некој за тоа, отколку потоа да страдате исполнувајќи нечии желби.

riba1

 

РИБИ (22.02 – 20.03)

Вие секогаш брзате да стигнете до целта со најмал број на потези, но денес нема да можете да стигнете до успехот по пократкиот пат. Ќе треба да вложите многу повеќе труд од вообичаено. Сепак, тоа не треба да ве разочарува. На крајот повторно ќе видите дека трудот се исплати. Отстранете ги вашите нереални очекувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП