3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИRockstar продава дел од патентите на Nortel Networks

Rockstar продава дел од патентите на Nortel Networks

nortel

„Rockstar“ е здружение на компании во кое се вклучени „Microsoft“, „Apple“, „Blackberry“, „Ericsson“ и „Sony“. Асоцијацијата во 2011-та година за 4.5 милијарди долари купи патенти од „Nortel Networks“, но се чини дека некои од нив не им се потребни.

Всушност, како што пишува „Bloomberg“, „Rockstar“ размислува за продажба на дел од патентите на „Nortel“, патенти кои не успеаа да најдат купувачи на лиценците. Преговорите со потенцијалните купувачи најверојатно се веќе во тек. Конзорциумот, првично поседуваше околу 4000 патенти, а дел од патентите ги продадоа на „Spherix“. Патентите поранешниот најголемиот северноамерикански производител на телекомуникациска опрема се поврзани со технологија во мобилната индустрија.

„Google“ исто така во план имаше да купи некои од патентите на „Nortel“, но компанијата не успеа во тоа (подоцна делумно се обезбедија со купувањето на „Motorole Mobility“). „Rockstar“ благодарение на моќното портфолио на патенти, минатиот месец го тужеше „Google“ и другите производители на уреди со „Android“, и како што се очекуваше, судскиот процес ќе трае со години.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП