Според извори блиски до индустријата, „Samsung“ веќе започна со масовно производство на екрани кои ќе се користат на „Galaxy S5“. Покрај овој податок, изворите се запознати и со дел од спецификациите на новите екрани.

Дијагоналата на „AMOLED“ екраните изнесува 5,25 инчи, а резолуцијата ќе изнесува високи 2.560 x 1.440 пиксели. Оваа резолуција на оваа дијагонала ќе и биде доволна за густина на приказ на сликата во 559 пиксели по инч. Распоредот на пикселите ќе биде во „дијамантска“ структура, како на моделите „SGS 4“ и „Note 3“.
Според други информации, претставувањето на „Galaxy S5“ би можело да се случи веќе во првиот квартал од следната година.