4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple работи на поголем iPad?

Apple работи на поголем iPad?

Apple Christmas Carols

Најновите гласини во врска со „Apple“ пристигнуваат од Азија и тврдат дека компанијата моментално работи на поголема верзија на „iPad“.

Интернет страната „Digitimes“, цитирајќи извори блиски на „Apple“ во Азија, пишува дека можно е компанијата да претстави „iPad“ со дијагонала од 12.9 инчи во октомври 2014-та година.

Најновите информации пристигнуваат по веста од „Wall Street Journal“ дека „Apple“ тестира „iPad“ со екран малку помал од 13 инчи.

„Digitimes“ исто така тврди дека новиот „iPad“ ќе го произведува тајванскиот производител за персонални компјутери „Quanta Computer“.

Последниве години стана вообичаено вакви гласини да пристигнуваат од снабдувачите на „Apple“ од Азија, но тие генерално најавуваа некој нов производ кој ги имитира постоечките трендови на пазарот, како што е „iPhone“ со поголем екран или паметен телевизор со лого на компанијата од Купертино.

Од друга страна, историјата потврди дека „Apple“ несака да ги следи трендовите, туку да создава и отвора нови категории на производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП