2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi двојно ја зголеми продажбата за една деценија

Audi двојно ја зголеми продажбата за една деценија

audi prodazba

„Audi“ за само десет години го зголеми производството на автомобили за 100 проценти. Во 2003-та година германскиот производител на купувачите им испорача 769.000 возила, додека во 2013-та досега имаат продадено 1.5 милиони примероци со знакот на „Audi“.

На тој начин, компанијата две години пред предвидениот рок ја оствари поставената цел, со оглед дека според долгорочниот план беше предвидено глобалната продажба да достигне 1.5 милиони автомобили дури во 2015-та година.

За одличните продажни резултати допринесоа и новите модели кои „Audi“ ги претстави во последните години, меѓу кои се „A1“, „A7“ и „Q3“, како и „A3 Sedan“ кој беше лансиран во 2013-та. Со цел да се продолжи трендот на раст и во годините кои доаѓаат, „Audi“ во наредниот период планира да претстави дури 11 нови модели, меѓу кои ќе бидат и неколку кросовер возила.

Покрај „Audi Q1“, кој веќе е најавен за 2016-та година се шпекулира и за моделите „Q4“ и „Q6“ кои би биле конкуренти на „BMW“ „X4“ и „X6“. Тие исто така размислуваат и за топ моделот „А9“, како и на автомобилот со високи перформанси „Audi RS8“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП