25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung му вели „збогум“ на далечинскиот управувач

Samsung му вели „збогум“ на далечинскиот управувач

samsung smart tv

За претстојниот „CES“ саем, „Samsung“ најави претставување на паметни телевизори со кои ќе можете да разговарате и кои ќе имаат екран чувствителен на допир.

„Samsung“ на „Consumer Electronics Show“ во 2014-та година во Лас Вегас ќе ги претстави „Smart TV“ уредите за во 2014-та година кои ќе бидат со напредни функции за користење.

Услугата на „Samsung“ за гласовна интеракција, која препознава различни јазици, моментално е достапна во 11 земји. Во 2014-та година услугата ќе биде проширена за уште 12 нови пазари.

Ќе бидете во можност да ја смените програмата со едноставна гласовна команда, велејќи го бројот на програмата која сакате да ја гледате, да отворате интернет страни или апликации со користење на кратенки, поедноставно е и гласовното пребарување кое ви овозможува да ги видите сите барани резултати на едно место.

Кога се користи гласовната интеракција во потрага за дневните информации, како временската прогноза или спортските резултати при гледање на телевизија, „pop- up“ прозорецот на дното на екранот ви ги прикажува резултатите.

Покрај гласовната интеракција, контролата на движење е подобрена со додавање на команди со движење на прстите со што ќе можете да промените ТВ канал, да ја прилагодувате јачината на гласот, да пронајдете и да одберете што сакате да гледате и тоа со само неколку движења на прстите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП