25 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРускиот смартфон до 1.1. ќе се најде во продажба

Рускиот смартфон до 1.1. ќе се најде во продажба

yotaphone1111

Продажбата на првиот руски смартфон „YotaPhone“ во малопродажните мрежи ќе започне оваа недела.

Испораката на паметниот телефон во продавниците ќе заврши на 27-ми декември, ова го потврди прес-службата на производителот „Yota Devices“. Тој ден генералниот директор на компанијата, Владислав Мартинов, официјално смартфонот ќе го пушти во продажба во московскиот трогвски центар „Антијум“.

Следниот ден продажбата ќе започне во три малопродажни синџири, а во продавнците ќе бидат испорачани околу 10.000 уреди.

Онлајн продажбата на „YotaPhone“ започна на 4-ти декември, а цената на уредот во Русија изнесува 19.900 рубљи (442 евра).

„YotaPhone“ е смартфон кој ја поддржува мрежата од четвртата генерација (LTE). Главна одлика на овој уред се двата екрани од 4.3 инчи, првиот во боја со резолуција од 1280×720 пиксели, а вториот е црно-бел и е направен со технологија на електронско мастило.

Уредот ја користи најновата верзија на оперативниот систем „Аndroid“, микропроцесорот е од 1,7 гигахерци со два гигабајти „RAM“ меморија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП