28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро пристигнува LG G2 Mini?

Наскоро пристигнува LG G2 Mini?

lg mini

Веќе имавме можност да ги видиме „Galaxy S4 Mini“ и „HTC Mini“, додека се очекува и малата верзија на моделот на „Sony“ – „Xperia Z1“, а се чини дека на хоризонтот е и „LG G2 Mini“.

Иако нема премногу достапни информации, се очекува „G2 Mini“ да поседува „quad core“ процесор и „Android 4.4 KitKat“, што е прилично добра понуда.

Последните тестови за уредот со кодно име „LG D-140“ открија „quad core“ процесор со такт од 1.2GHz, екран со резолуција од 540 x 960 и „Android KitKat“, така да би можеле вакви спецификации да очекуваме и кај моделот „G2 Mini“.

Засега не е спомената големината на екранот, но други гласини во врска со овој модел укажуваат на 4.3 инчен екран, што би значело дека „G2 Mini“ би требало да им се спротивстави на мини моделите на „Samsung“ и „HTC“.

Кога станува збор за официјалната презентација, многумина очекуваат тоа да се случи на претстојниот саем за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас или во Барселона на „WMC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП