28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗB сlasѕ продадена во милион примероци

B сlasѕ продадена во милион примероци

2013-Mercedes-B-Class-33

„Mercedes“ соопшти дека од 2005-та година, кога ја претстави првата генерација на својот „MPV“ модел, на купувачите ширум светот им има испорачано преку милион примероци од овој автомобил. Еден од најсилните пазари е германскиот, каде „B сlasѕ“ е водечки модел во својот сегмент.

Иако љубителите на германскиот премиум бренд не ја сметаат „B сlasѕ“ за типичен „Mercedes“, времето покажа дека овој автомобил и тоа како има својата клиентела на пазарот.

Првата генерација, лансирана во 2005-та година, се произведуваше до 2011-та година, кога на нејзино место дојде актуелнот модел. „Mercedes B сlasѕ“ од 2011-та година воедно ја најави и новата генерација на компактни модели на овој производител, во која спаѓаат „A сlasѕ“, како и „Mercedes CLA“ и „GLA“.

Покрај Германија, „B сlasѕ“ особено е популарна и во Кина, која претставува вториот најдобар пазар кога станува збор за продажбата на овој модел. „Mercedes“ објави податок дека меѓу верзиите на „B сlasѕ“ најбарани се моделите „B180“ и „B 180 CDI“,  кои сочинуваат околу 30 проценти од вкупната продажба.

Дека купувачите на овој автомобил често се одлучуваат за подобро опремени верзии, говори и податокот дека скоро половина од продадените примероци имаат вграден мултимедијален систем или фабричка навигација.

„Mercedes“ има во план во 2014-та година да претстави две нови верзии на актуелната „B сlasѕ“ со алтернативни погонски системи. Станува збор за модели на природен гас и електрична „B сlasѕ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП