20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМотивот на Алонсо и Раиконен се вика LaFerrari

Мотивот на Алонсо и Раиконен се вика LaFerrari

laferarito

Во Ф1 тимот на Ферари веќе им здодеа да бидат постојано зад Ред Бул, па тие одлучија дополнително да ги мотивираат своите возачи за наредната сезона.

Всушност, доколку Раиконен и Алонсо следната сезона успеат од тронот да го симнат Фетел, двајцата ќе добијат како подарок примерок од најновиот суперавтомобил од Маранело – моделот „LaFerrari“.

И покрај фактот дека ограничената серија oд 499 примероци на „LaFerrari“ е веќе распродадена, компанијата е подготвена да изработи дополнителни два примероци за да ги награди своите возачи, нормално доколку успеат да триумфираат.

Само за потсетување, последната титула за Ферари во 2007-та година ја донесе Раиконен, а ако и следната година останат со празни раце, ова ќе биде вториот најлош низ по 15-годишната пауза помеѓу 1984-та и 1999-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП