2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHP наскоро ќе понуди смартфони со Android

HP наскоро ќе понуди смартфони со Android

hp telefoni nova

„Hewlett-Packard“ најверојатно се подготвува за враќање на пазарот на паметни телефони, а тоа се очекува да се случи кон крајот на годината и тоа со уреди со дијагонала од шест и седум инчи (15,2 i 17,7 cm).

Како што пренесува „Verge“, новите уреди би требало да се најдат во продажба веќе до крајот на година.

Овие смартфони ќе бидат наменети за големите пазари, како индискиот, кинескиот и филипинскиот, а се очекува да чинат помеѓу 200 и 250 долари.

Според најновите информации, уредите би требало да работат на оперативниот систем „Android“, исто како и нивниот таблет „Slate 7“. „HP“ за своите таблети, инаку подоготвува и верзија која ќе работи на „Window 8“.

Гласините за мобилните телефони на „HP“ и натаму продолжуваат и покрај тоа што директорката на оваа корпорација, Мег Витман лани изјави дека „HP“ мора да подготви паметни телефони за глобалниот пазар, но и тоа дека овие уреди нема да се најдат во продавниците во текот на оваа година.

Таа не негираше дека „HP“ работи на развој на мобилни телефони за масовниот пазар, туку дека станува збор за долгорочен проект.

Сега останува да се види, дали овие информации се точни и доколку се, кога паметните телефони на оваа компанија ќе се појават на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП