17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes C63 AMG е најавен за 2014-та

Mercedes C63 AMG е најавен за 2014-та

c63 amg

Според најновите информации, „Mercedes“ има во план следната генерација на моделот „C63 AMG“ да ја претстави на крајот на 2014-та година. Автомобилот најверојатно ќе биде придвижуван од новиот 4.0-литарски V8 мотор.

Откако јавноста имаше можност да се запознае со новата „Mercedes C сlasѕ“, на дневен ред дојде и нејзината најмоќна сериска верзија, моделот „C63 AMG“.

Како што пишува британскиот магазин „Autocar“, компактниот спортски автомобил на „Mercedes“ ќе биде опремен со „bi-turbo“ V8 мотор кој ќе испорачува моќ помеѓу 460 и 500 ks. Истиот извор вели дека моторот ќе биде поврзан со автоматски седумстепен „7G-MCT SpeedShift“ менувач.

Што се однесува до новиот погонски агрегат, по вградувањето во „Mercedes C63 AMG“, тој ќе се користи и во другите „AMG“ модели.

„Autocar“ дознава дека и палетата на новата „C сlasѕ“ ќе биде проширена во 2015-та година со моделот „C300 Plug-In Hybrid“.

Хибридниот погон ќе се состои од 2.0-литарски четирицилиндричен тубро бензинец со директно вбризгување кој ќе испорачува 252 ks (185 kW) и електромотор со моќ од 50 kW.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП