26 април, 2024

Gresso Radical R1

GRESSO-RADICAL-R1a

Новиот смартфон на компанијата „Gresso“ се нарекува „Radical R1“ и доаѓа во лимитирана серија од 999 примероци.

Овој уред има димензии од 138x69x12 mm, вкупна тежина од 219 грама, а куќиштето и типките се изработени од титаниум кој инаку се користи за изработка на авиони. За телефонот да биде уште повеќе посебен, на страната од куќиштето изгравиран е редниот број на примерокот.

gresso-radicalala

Според информациите уредот ќе има четири јадрен процесор со такт од 1,2 Ghz, тој има 4,5 инчен „QHD“ екран со резолуција од 960×540 пиксели, 1 GB работна меморија, 8 MP камера, дуал SIM поддршка, простор за складирање од 36 GB, како и батерија од 1800 mAh. Oвој радикален телефон доаѓа со оперативниот систем „Android“ во верзијата „4.1.2 Jelly Bean“.

За основниот модел потребно е да се плати 1,800 долари, додека моделите „R2“ и „R3“ чинат 2,300 долари. Разликата во цената се однесува на логото на компанијата која во случајот на моделот „R2“ е изработено од 1 грам 18 каратно жолто злато, додека кај моделот „R3“ станува збор за 1 грам од 18 каратно бело злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП