3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајавен е Volkswagen Golf Cabriolet Karmann Edition

Најавен е Volkswagen Golf Cabriolet Karmann Edition

karmann

„Volkswagen“ ја претстави новата специјална едиција на моделот „Golf Cabriolet“ кој ќе се нарекува „Karmann“. Наречена според познатиот производител на возила, Вилхем Карман, оваа специјална едиција има дополнителни хромирани детали и 17-инчни алуминиумски бандажи.

karmann2

Кабината поседува спортски седишта во две бои, волан од кожа, како и сиви контрасни штепови. Овој модел исто така доби темно сива опрема од брусен алуминиум, хромирани украси, како и „Karmann“ брендирани плочки на праговите.

Од другите детали вклучени се, премиум аудио системот, дефлектор за ветер, како и системот за предупредување при паркирање.

karmann1

Спецификациите за перформансите на овој модел не се познати, но од „VW“ потврдија дека овој модел ќе биде достапен со неколку мотори кои ќе имаат распон на снага од 105ks дo 160ks. Според информациите од компанијата, овој модел ќе биде достапен во Германија по цена од 27.275 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП