2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFoxconn ќе ги прави смартфоните на BlackBerry

Foxconn ќе ги прави смартфоните на BlackBerry

fox bb

Компанијата „Foxconn Electronics“ потврди дека нивната подружница од Хонг Конг – „FIH Mobile“ потпишала петгодишен договор со компанијата „BlackBerry“ за превземање на производството на смартфони на канадскииот технолошки гигант.

„BlackBerry“ телефоните ќе се произведуваат во фабриките на „Foxconn“ во Индонезија и Мексико, а оваа информација беше потврдена од самата компанија.

Загубарот „BlackBerry“ сега може да смета на снагата на „FIH Mobile“ и капацитетите на „Foxconn“, но се претпоставува дека постоечките снабдувачи на „BlackBerry“, како компанијата „Wistron“ и производителите на компоненти „Ichia Technologies“ и „Silitech Technology“, ќе бидат многу погодени од овој договор.

Инаку за потсетување, минатата недела „BlackBerry“ ги објави резултати од работењето во третиот квартал во кој компанијата забележа загуба од 4.4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП