8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако настанува сообраќајниот метеж?

Како настанува сообраќајниот метеж?

metez

Кога ќе се најдеме во сообраќаен метеж, обично се прашуваме што е причината за застојот, иако оваа информација нема да ви помогне брзо да излезете од него. Веб-страницата „Autoguide“ објави студија која покажува дека за создавање на сообраќајниот метеж одговорни се шест главни фактори.

Сообраќајниот метеж е кошмар за возачите. Покрај тоа што предизвикува непланирани доцнења, тој предизвикува дополнителен замор и нервоза кај учесниците во сообраќајот, влијае врз концентрацијата на возачот и во екстремни случаи може да доведе до сообраќајни несреќи.

Американското Министерство за транспорт анализираше како настанува застојот на сообраќајот во земјата. Резултатите, објавени од страна на сајтот „Autoguide“, покажуваат дека околу 40 проценти од застојот на патиштата е предизвикан од т.н. „тесни грла“. Овие се најчестите места каде што коловозот се стеснува или патишта кои се дизајнирани за помал број на возила во однос на износот на автомобили која се движи во реални услови.

Втората најчеста причина за застојот се сообраќајните несреќи и дефектите на автомобили на патот, кои потоа доведуваат до метеж. Студијата покажува дека овие причини се одговорни за околу 25% од сите сообраќајни метежи.

Неповолните временски услови (снег, пороен дожд , магла ) се третата најголема причина за сообраќајниот метеж и предизвикуваат 15 проценти од застојот на патиштата.

Околу 10 проценти од сите метежи е поради работата на патната мрежа, без разлика дали тоа е изградба, редовно одржување или итни поправки.

Возачите често имаат впечаток дека метежот во некои места во градот е дело на лошо проектираните семафори. Американска студија исто така ги вклучува и лошо планираните семафори.

Како шести фактор се споменуваат вонредните настани, како што се спортски, културни и слични настани кои доведуваат до зголемување на сообраќајот, а со тоа и до метеж.

Сообраќајниот метеж во современиот свет, во кој постојано расте бројот на автомобили, е неизбежен. Кога ќе се најдете во сообраќаен метеж важно е да го прифатите фактот дека на тоа неможе да влијаете и да останете смирени.

По расчистувањето на метежот, без разлика колку и да ни се брза, потребно е да се ограничи желбата на брзање, бидејќи на тој начин нема се надополни изгубеното време во колоната, но можете себеси и другите возачи да ги доведете во опасност.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП