19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.12.2013

Дневен хороскоп 23.12.2013

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Некој ќе ви даде конкретна понуда кога станува збор за работа која може да биде ветувачка. Се чувствувате добро во друштво на интелектуалци и личности со кои имате за што да разговарате. Ви прилега друштво на млади лица но и друштво од стари и искусни лица. Верувате дека вашиот талент насокоро ќе дојде до израз. Марс во Вага ве прави малку пасивни, очекувате некој да ви понуди работа во која ќе можете да просперирате. Ќе добиете понуда од некој друг Овен.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ако на работа сте опкружени со лица со кои не сте во добри односи, а всушност и малку ви завидуваат, не навлегувајте во непотребни расправии бидејќи така ништо нема да постигнете. Се трудите да добиете повик од некој Лав со кој не сте биле во добри односи, но сепак се надевате на добра комуникација. Не би требало да ја пропуштите шансата за обнова на соработката со еден Рак или Девица кои за вас имаат разбирање.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Конфликтната ситуација од вас бара да преземете ризик и да го изберете вистинскиот пат. Не сте свесни колку имате среќа. Со поддршка на некои влијателни лица ќе ги остварите замислените планови. Посветете и се на работата, од таму ќе дојдат вашите посакувани дополнителни приходи. Некој Стрелец ќе ви понуди некој нов начин на заработка, внимавајте што ќе одлучите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Благодарение на исклучителниот оптимизам и душевната сила ќе постигнете чуда. Сите работи ги извршувате со максимален труд но и љубов. Максимално им се предавате на нештата, кои го привлекуваат вашето внимание, што нема да остане незабележано. Скротете ги чувствата тие ви ги матат мислите за постапките кои треба да ги направите во иднина, побарајте совет од некој Бик.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе добиете добар совет тогаш кога најмалку очекувате. Иако можеби нема да доаѓа од устата на најдоверливата личност на светот, убаво размислете дали треба да го прифатите. Има можност да ја загубите работата, отфрлете ги вашите разгалени барања и размислете реално дека тоа што го барате ве носи во незавидна позиција. Некоја Девица ќе биде разочарана од вас, обидете се барем да се извините.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Преземате премногу обврски кои не можете да ги исполните. Малку време, а работа преку глава. Исцрпени сте и недоволно мотивирани, па занемарувате некои свои лични потреби. Побарате помош од некои поранешни соработници, тие ќе ве внесат во кругот на успехот. Внимавајте на финансиите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Обидете се да бидете мудри, помалку зборувајте, а повеќе конкретно работете на остварувањето на зацртаните цели. Така, шансите за успех ќе бидат големи. Ви одговара работа во осаменост. Благодарение на неа ги извршувате обврските на задоволителен начин. Материјалната загуба која следи во наредниот период ќе ве онерасположи.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Од вас се очекува максимално да ги контролирате своите постапки, бидејќи околината ќе се обидува на секој начин да ја изгубите контролата. Деловните проекти се поместија од мртва точка и ќе ви донесат материјална добивка. Колегите и соработниците ќе ви помогнат во врска со наредниот деловен проект, возвратете им ја помошта. Некој Бик се обидува да ви покаже каде грешите, а вие не му обрнувате внимание.

strelec1

 

Стрелец  (22.11 – 21.12)

Денес ќе бидете стриктно насочени кон остварување на вашите амбиции, па затоа соберете храброст и преземете мал ризик за да се доближите до она што го сакате. Колку поотворена комуникација практикувате, толку поефективно ќе можете да ги исполнувате обврските во текот на денот и полесно ќе се справувате со нетрпеливоста и избувливоста на околината. Некоја Водолија ви прави сплетки, игнорирајте ја.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Потребно е да се ангажирате на различни страни и да докажете дека поседувате силни практични можности. Идејата или решенијата кои сте ги одбрале, претставуваат добар деловен избор. Не и верувајте на новата блескава понуда за работа, таа е само мамка која може да ви ја расипе финансиската ситуација. Некој Овен ќе ви даде совет кој ќе ви служи за цел живот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Поради различните деловни интереси и правила кои ги наметнува една влијателна личност, морате да прифатите компромисно решение. Изгледате загрижено, бидејќи околината нема доволно слух за да го прифати вашето мислење. Но не се грижите во текот на оваа недела ќе се решат сите проблеми, а вие повторно ќе заблескате.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Потребна ви е подобра селекција во деловните контакти. Посветете доволно внимание на една блиска личност. Пофалбите кои ги добивате од луѓето дејствуваат поттикнувачки за вас. Се обидувате да согласите различни деловни обврски, но не можете да ги исполните сите барања. Насочете се кон решавање на старите проблеми, во нив се крие клучот за посветла иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП