6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„iPotty“ – најлошата играчка во 2013-та година (видео)

„iPotty“ – најлошата играчка во 2013-та година (видео)

ipotty

Што се случува кога ќе поврзете „iPad“ и нокшир? Се добива „iPotty“ – најлошата играчка во 2013-та година во светот на технологијата.

Годишните „награди“ кои ги доделува „Кампања за детство без реклами“ (CCFC) овие денови поминуваат во знакот на уредот „iPotty“, нокшир наменет за деца кој е поврзан со „iPad“. Токму оваа играчка е прогласена за најлоша во 2013-та, пренесува „Daily Telegraph“.

Мишел Салкидо, членка на „CCFC“, која својот глас го дала за „iPotty“, верува дека целта на оваа играчка е сосема погрешна, затоа што времето детето кое го поминува на нокшир треба да биде резервирано за интеракција со родителите, а не со технолошките новитети.

„Децата би требало да бидат свесни за тоа што се случува во нивното тело и да учат од тоа. Оваа играчка го елиминира социлошко-емоцијалниот фокус за кој децата првично се на нокширот и во центарот на вниманието го стваат екранот на уредот“, рече таа.

Претставниците на „CCFC“ ги критикувале компаниите кои произведуваат вакви или слични уреди, затоа што се обидуваат во секој аспект од детскиот живот да вградат барем уште еден екран, било тоа да е на компјутер, смартфон или сличен уред.

Според нивното мислење тоа не е проблем, доколку потребата за тој екран навистина допринесува за развојот на децата.

Токму такво мислење имаат и раководните лица од „CTA Digital“, компанијата која го произведува „iPotty“. Во официјално соопштение тие истакнуваат дека „iPotty“ е современ нокшир кој на забавен начин ги учи децата како тој се користи.

Што вие мислите за играчката „iPotty“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП